Тајванската претседателка Цаи Инг-вен изјави во саботата дека се повлекува од должноста претседателка на владејачката Демократска напредна партија (DPP) поради поразот на локалните избори.
Тајванските избори за општинските и покраинските власти се одржаа во саботата, а Цаи Инг-вен го нарече испит кој ќе ја покаже „отвореноста на Тајван и неговата решителноста да ја брани слободата и демократијата“ во време на највисокото ниво на тензии со Кина која островот го смета за своја одметната покраина и не ја отфрла идејата за негово враќање во матицата земја и со воена акција.
Цаи, сепак, ќе остане претседателка на островот, должност којашто ја извршува од 2016 година. Нејзиниот втор мандат истекува 2024 години, по што веќе нема право да се кандидира.
Меѓутоа, нејзината Демократска напредна партија (DPP) беше поразена во четири од шест големи градови на островот со 23 милиони жители, меѓу кои и главниот град Тајпеј.
„Не очекувавме вакви резултати од изборите (…) Целосно ја презема одговорноста и веднаш ја предавам оставката на местото претседател на Демократска напредна партија“, рече за новинарите Цаи.
Најмногу градоначалнички и началнички места во општините освои партијата Куомитанг (KMT), којашто традиционално заговара потесни врски со Кина и покрај тоа што всушност истоименото движење по поразот во граѓанската војна со Комунистичката партија на Кина во 1949 година пребегна на островот.
Од КМТ ги отфрлаат обвинувањата дека е пропекиншки настроена, а ги обвинуваат тајванската претседателка Цаи и нејзината партија DPP дека без особена потреба и претерано се конфронтираат со Кина.
Куомитанг во саботата објави дека „напорно ќе работи за да го сочува мирот во регионот“ и ќе се подготвува за освојување на следните претседателски и парламентарни избори во 2024 година. Последните избори Цаи и DPP го освоија со големо мнозинство и тогаш ветија дека ќе ѝ се спротистават на Кина и ќе ги бранат „тајванските слободи“.
Откако во 1987 година ја прекина политиката на децениски воен режим, воено и финансиски поддржуван од САД, Тајван стана една од најдинамичните и најразвиени азиски економии. По доаѓањето на власт на Цаи Инг-вен, чијашто партија инсистира дека Тајван е суверена држава, Пекинг ги прекина официјалните комуникациски канали со Тајпеј, ги зачести воените вежби во Тајванскиот теснец и го зголеми економскиот и дипломатски притисок.
Кина, која Тајван го смета за своја одметната покраина, одамна се обврза островот да го врати во својот состав и никогаш не исклучи можност за примена на сила за исполнување на таа цел, иако изминатите години се трудеше тој процес да го артикулира преку поддржување про-пекиншки струи на островот и со економски привлекување. Властите во Тајпеј, пак, се противат на кинеските намери и велат дека за тоа ќе мора да одлучат 23-те милиони жители. Кина на Тајван му го понуди моделот „една земја два систем“, но тогаш го отфрлија повеќето главни партии на островот, и се тврди дека нема јавна поддршка.
Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј кулминираа во август годинава, кога островот го посети претседателката на американскиот Претставнички дома на Конгресот, Ненси Пелоси, што беше отстапување од децениската политика на САД да не испраќа највисоки политички функционери на островот.
Како одговор, Пекинг започна големи воени вежби во близина на брегот на островот, воведе санкции за две тајвански фондации, самата Пелоси и нејзините роднини и презеде други мерки. САД, кои формалните дипломатски односи со Тајпеј ги прекинаа во 1979 година за да постигнат договор со Кина и се придржуваат до концептот „една Кина“ а посетата на Пелоси е првата оттогаш која ја наруши таквата политика на Вашингтон, и натаму останува најголем извор за оружје на Тајван.