Најмалку 50 луѓе загинаа во пукнувањето на браната на насипот со вода со отпади од металуршката индустрија во сојузната држава Минас-Жераис, на југоистокот од Бразил, пренесува во петокот ноќта весникот Hoje em dia, повикувајќи се на градоначалникот на општината Брумадињо, Авимар ди Мелу Барсело.
Во слична несреќа во државата Минас-Жераис во 2015 година животите ги загубија 19 лица. Во петокот првичните информации говореа за седум жртви и околу 200 исчезнати. Според очевидци, бројот на жртвите е голем и истакнуваат дека рударскиот отпад го прекрил целото подрачје околу насипот.
Инцидентот се случил во раните попладневни часови во Брумадињо, општина со 39.000 жители, 60 километри југозападно од Бело Хоризонте, административниот центар на споменатата сојузна држава.
Информативниот канал Globonews емитуваше снимка од хеликоптер која покажува делумно уништени куќи, од кои некои се половина проголтани од сивата кал. Пет хеликоптери се упатени во помош, а еден од нив е смимен како подигнува повредена жена, додека две лица стојат во калта до половината.
Бразилската рударска компанија „Vale SA“, којашто во соопштение ја потврди несреќата, истакнува дека приорите ѝ се заштитата на животите на вработените и на населението. Акциите на „Vale SA“, една од најголемите рударски компании на свењто“, паднаа за повеќе од 10 отсто само неколку часа по затворањето на Њујоршката берза, откако веќе паднаа за 11 отсто веднаш откако беше објавена веста за несреќата.