ВМРО-ДПМНЕ најави во недела обелоденување докази за тоа како Заев го има окупирано системот и ги користи институциите за партиски цели

Утре во 10 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе обелодени докази како Зоран Заев го има окупирано системот и ги користи институциите за партиски цели, со цел шиканирање на ВМРО-ДПМНЕ, наши кандидати, функционери и активисти, стои во Фејсбук статусот на страницата ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО.

„Овој случај ќе ja извади на површина вистината како функционира власта на Заев, и зошто е наречена хибриден режим. Доказите обелоденуваат дека државниот апарат работи за партијата на власт, а не за граѓаните. Тоа е злоупотреба на систем каква не памети пост воена Европа“, пишува во објавата.