Жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев. Иако е воочлива штетноста на таквиот договор, стои во денешната рекација на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прес-конференцијата на пратеникот на владејчката партија Томислав Тунтев.
„Овој договор е производ на изборната измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува државата. Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор. Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека потценувачки за Република Македонија е со меѓународен договор да се менува Уставот на државата и задира во идентитетот.
„Недозволиво е Заев преку својата капитулантска политика да го менува идентитетот и јазикот на Македонците. Овој договор за Република Македонија создава само обврски. Република Македонија е оштетена страна. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против картелот на власт и оваа капитулантска и неспособна влада“, стои во реакцијата на партијата.