Во Германија нови протести против антикорoна мерките

Во повеќе германски градови во саботата се одржани протести против владините мерки во борбата против ширењето на коронавирусот, а протестите според извештаите на полицијата минале мирно.

Најмногу противници на мерките против коронавирусот, над 10.000 лица според процените на полицијата се одржале во бавараската престолнина Минхен. Тоа е двојно повеќе отколку што претходно пријавиле организаторите на протестот.

Претходно минхенската полиција запрела една поворка, поради тоа што учесниците не се придржувале на мерките како што се, на пример, носењето заштитни маски. Организаторот на протестот, здружението „Querdenken 089“, ги повика учесниците во поворката да се разидат и повторно да се соберат на Терезиниите полиња, каде што традиционално се одржува Октобарфест, кој годинава поради пандемијата на коронавирусот е откажан.

Говорниците на протестот германската влада ја обвинија за ширење страв од „лажаната пандемија“ и „одземање на човековите права“ поради мерките за носење заштитни маски или одржувањето на оддалеченоста од најмалку 1,5 метри.

Меѓу противниците на мерките против пандемијата се појавиле и противниците на вакцинирањето. Поединци носеле маички со натписот „Против задолжителното вакцинирање, уларите, државното насилство, неискрените медиуми и предавниците на народот“.

Во Хановер околу илајда демонстранти излегле на улиците, како и во Бизбаден. Демонстрантите и на овие протести ја критикуваат државата дека ги прекршила нивните права со преземањето на строгите мерки за борба против пандемијата. Повеќето учесници на овие митинзи не носат маски и не го одржуваат пропишаното растојание и не веруваат дека коронавирусот не е толку опасен како што го претставуваат властите, пренесуваат на медиумите.

Истовремено во организација на активистички организации се одржани и помали контрапротести кои главно биле насочени против крајно десничарските сили кои по правило земаат учество на протестите против владините анти-корона мерки.

Кон крајот на август во Верлин во текот на протестите против владините мерки дојде до инциденти, кога група лица кои медиумите ги доведоа во поврзаност со десничкарските групи се обидоа насилно да влезат во зградата на Рајхстагот во која заседава германскиот парламент Бундестагот.

Во Германија од пролетта на сила беа строгите карантински мерки кои постепено беа олабавувани од мај. Во моментов во земјата работат речиси сите јавни институции, кои може да бидат посетувани само со носење медицински маски и со задржување на социјалната дистанца. До крајот на годината се забранеи сите масовни настани.

Сегашните протести се одвиваат во време кога во Германија се зголемува бројот на заразените со новиот коронавирус. Во Германија во текот на последните 24 часа се потврдени 1.630 нови случаи, а од почетокот на епидемијата во земјата досега според портало Worldmeter заразиле 260.443 Германци, а починале 9.427 лица.