Во Украина приведен заменикот на „министерот за војна“ на ИД

Украинската безбедносна служба во петокот објави дека го затворила заменикот на Абу Омар ал-Шишани, личност која Пентагон ја смета за „министер за војна“ на Исламската држава (ИД), откао минатата година влегол во Украина со лажен пасош.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека го привела Абу Бар Шишани, грузиски државјанин, во заедничка операција со грузиското министерство за внатрешни работи и американската Централна разузнавачак агенција (CIA). Во соопштението се додава дека фотографијата на Ал Бар Шишан која агенцијата ја поседува е „доказ дека уапсениот странец е навистина бараниот водач на Исламската држава“.

Грузиската служба за безбедност потврдила дека Шишани (Чеченец) е уапсен близу Киев. „Да, можеме да гио потврдиме тоа. Неговото родено име е Цезар Токхосашвили“, изјавила портпаролката Вика Климчева.

Грузиецот ѝ се придружил на Исламската држава во 2015 година и бил заменик на Абу Омар ал-Шишани кој е убиен во борбните во 2016 година. САД нудеа пет милиони долари за информации за него.

Двајцата Шишани е родени во планинската област на Грузија, во регионот Панкиси. По загинувањето на Омар, Ал Бар Шишани прво преминал во Турција, а потоа во Украина од каде координирал акции на Исламската држава, се наведува во соопштението на СБУ. Се додава дека е уапсен во подрачјето на Киев во близина на една приватна куќа во која живеел, но не се соопштува датумот на апсењето.