Зидан одби 120 милиони евра од Ал Наср

Познатиот француски тренер Зинедин Зидан ја одбил понудата на Ал Наср од 120 милиони евра за двегодишна соработка со клубот од Саудиска Арабија.
Ал Наср минатата недела го избрка Руди Гарсија, по што шпанска „Марка“ објави дека Ал Наср испратил понуда до Французинот, кој се заблагодарил и го одбил предлогот.
Зидан во моментов нема ангажман, а претходно го предводеше Реал Мадрид од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година.
За услугите на францускиот тренер е заинтересиран и ПСЖ, кој планира на крајот на сезоната да го избрка Кристоф Галтие.