Иран најави ново суспендирање на обврските од нуклеарниот договор

Иран ќе преземе уште еден чекор кон суспендирањето на своите обврски од историскиот нукелеарен договор склучен во 2015 година со шесте светски сили од кој по три години се повлекоа САД и воведоа повторни санкции, пренесува во саботата новинска агенција на иранскиот парламент ICANA.

Официјален Техеран повеќепати во минатото предупреди дека ќе ги намали своите обврски произлезени од договорот, па можеби и оти целосно ќе се повлече од него, доколку другите потписнички, во прв ред европските земји – Франција, Велика Британија и Германија, не ја заштитат иранската економија од повторните американски санкции. САД, откако во мај 2018 година се повлекоа од нуклеарниот договор, се заканија со санкционирање на сите компании кои ќе работата со и во Иран.

„Третиот чекор кон намалувањето на обврските (од нуклеарниор договор) ќе биде применет во сегашната ситуација…. Рековме дека доколку другите потполно не го применуваат договорот, тогаш и ние ќе ги применувме нецелосно“, порача иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Претходно во јули Иран се закани дека ќе ги стави во функција деактивираните центрифуги за збогатување на ураниумот и ќе го зголемени степенот на збогатување на ураниум од 3,6 на 20 отсто, што претставува отстапување од преземената обврска во замена за укинувањето на децениските економски и финансиски санкции против Техеран.

Стравувањата од нова војна на Блискиот исток, која бездруго ќе има силни глобални последици, се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп, по истапувањето од договорот од 2015-та година, го зајакна воениот и економски притисок врз Иран.