Повеќе од 1.500 цивили се убиени или ранети минатиот месец во војната во Авганистан, соопштија во саботата од Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA), а изјавата доаѓа само неколку часа пред почетокот на осмиот клучен круг од преговорите меѓу САД и талибнаните во катарската престолнина Доха, чија цел е наоѓање мирно решени за војната во Авганистан.
Според Мисијата, бројот на забележаните настрадани цивили бил највисок во јули во однос на остатокот од годината, но и највисок во кој и да е месец од мај 2017 година, Според UNAMA, главната причина за тоа е зголемениот број напади на милитантите во урбаните обласи на воените објекти.
Агенцијата на ОН наведува дека повеќе од 50 отсто од жртвите починале од употреби на импровизирани експлозивни направи. Од UNAMA велат дека и натаму се „длабоко загрижени поради штетите сторени над цивилите“.
Провладините сили, вклучително и сојузниците од НАТО, убиле во првата половина од 2019 година повеќе цивили во војната во Авганистан отколку бунтовниците, покажуваат податоците на Обединетите нации објавени претходно во вторникот. Авганистанските безбедносни и силите на НАТО убиле 717, а милитантите 513 цивили, објавија Обединетите нации. Во првите шест месеци од оваа година, во воздушните удари, повеќето на американските борбени авиони, убиени се 363 лица, меѓу кои 89 се деца, се наведува во извештајот на Мисијата на ОН за помош на Авганистан (UNAMA).
Американската армија ги отфрла наводите на Мисијата и тврди дека нејзите податоци се поточни, како и дека силите во Авганистан „секогаш се обидуваат да избегнат нанесување штети на цивилите“. Меѓутоа, САД не ги објавуваат своите податоци за цивилните жртви.
Податоците на UNAMA следеа по извештајот на светската организација од април, кога беше изнесен сличен заклучок за првите три месеца од 2019 година. Последните податоци само покажуваат дека таквиот тренд продолжува.
Копнените судири и натаму се водечката причина за страдањата на цивилите, и на нив отпаѓаат третина од жртвите. Следат импровизираните експлозивни направи и воздушните операции.
Сепак, ОН наведуваат дека се намалил вкупниот број на цивилните жртви. Во првите шест месеци од 2019 година убиени и ранети се 3.812 лица, најмалку уште од првата половина на 2012 година. И покрај намалувањето на бројот на жртвите, убиствата на цивилите и натаму се „шокантни и неприфатливи“, наведуваат од UNAMA.