Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил во петокот воени напади врз Иран како одмазда за соборувањето на американското беспилотно летало коешто чини 130 милиони долари, но ги откажал кога авионите веќе биле кренати во воздух, објави The New York Times.
Трамп првично ги одобрил ударите врз мал број избрани цели, како што се радарски и ракетни системи, се наведува во извештај на високи функционери во администрацијата, кои се вклучени или се информирани за расправите.
Ударите биле закажани во петокот во мугрите, околу 3,30 часот по техеранско верем или околу еден часот по македонско, за да се намали ризикот за иранската војска или за цивилите, се додава.
Авионите биле во воздух, а бродовите биле во борберни позиции, но ниедна ракета не е истрелена, бидејќи дошла наредба за отстапување, реколку неименуван висок функционер во американската управа.
Според весникот, операцијата билиа откажана во раната фаза од планирањето. Не е јасно поради што е донесена таква одлука: или Белата куќа едноставно се премислили, или се судрила со тепшкотии од логистичка или стратешка природа, се наведува во написот.
Засега не е јасно дали напад врз Иран, сепак, ќе биде изведен, како што нее познато што е причината за иткажување на ударот, се истакнува во извештајот.